Доколку редовно се конзумираат боровници, за два месеца може да се реши проблемот со зголемен крвен притисок.
Малку е познато дека еден грст боровници дневно го намалува притисокот за шест проценти.
Можеби тоа не звучи како некоја импресивна бројка, но е доволно од ризичните 138/79 да се дојде до сигурните 131/75.
Ова овошје го зголемува нивото на азотни оксиди во организмот, а тие се познати по тоа што го регулираат крвниот притисок. Нутриционистите откриле дека тие ги шират крвните садови и ја подобруваат активноста на клетките во телото.
Се препорачува вкусен пијалок, кој ги чува срцето и крвните садови, а притоа е одличен извор на железо, магнезиум и фолна киселина.
Состојки: 100 грама боровници, едно помало цвекло, еден морков, две парчиња целер и 250 милилитри сок од портокал.