Геровасили: Грчкиот народ ќе одлучи кој ќе учествува во новата влада

Од:

Луѓето ќе одлучат во кого имаат доверба да преговара за отворените прашања во договорот на Грција со нејзините кредитори, изјави портпаролката на грчката Влада Олга геровасили во интервју за телевизијата Алфа.

– Луѓето ќе одлучат во кого имааат доверба да преговара за спорните прашања во договорот и да разговара за долгот, истакна таа.
Коментирајќи ги претстојните избори, Геровасили појасни дека Сириза нема да соработува со Нова демократија.

– Ние нема да формираме коалициска влада со Нова демократија. Тоа го кажавме на најјасен можен начин. Самиот премиер изјави дека нема таква можност. Затоа продолжуваме и народот ќе одлучи кој ќе учествува во следната влада, истакна таа.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит