Навивачите на Глазгов Ренџерс покажаа колку го сакаат нивниот клуб. Иако се наоѓаат во четвртата лига на натпреварот имаше 50.000 луѓе.
Поради добро понзатите финансиски проблеми Ренџерс оваа сезона е член на шкотската Трета дивизија (четврта по ранг конкуренција). Сепак, ова не влијаеше на страста на навивачите на познатиот Ренџерс.
Тие продолжуваат со истата страст и љубов, да го следат својот клуб!
Во саботата, против Квинс Парк, поставија нов светски рекорд со посета на натпревар од четврта лига.
На „Ајброкс” беа точно 49.463 луѓе! Поддржувачите на „полицајците”, всушност, го подобрија сопствениот рекорд, што го поставија прес неколку недели. Тие од почетокот на сезоната успеваат да се надминуваат во посетата. А рекордот од пред 51 година го држеше токму Квинс Парк со 37.774 навивачи.
Ренџерс победи со 2:0 и е на врвот на табелата со Елџин Сити.