Кумановец настрада поради девојка

Од:

Во Клиничкиот центар во Скопје синоќа е донесен Кумановец кој имал три убодни рани од нож.

Станува збор за 35- годишниот Е.П. од Куманово кој се здобил со повредите синоќа околу 19 часот. Е.П. на улицата Октомвриска Револуција во Куманово, седел и разговарал со својата 29-годишна девојка.

Одеднаш кон парот се приближил поранешен љубовник на девојката, 33-годишниот М.М. кој започнал расправија,а потоа три пати го прободел Кумановецот со нож.

Е.П. бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје каде му е констатирана убодна рана во пределот на градите и кај левата подпазува.

Полицијата трага по сторителот кој веднаш побегнал од местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип