ФОТО: Градинката „Кочо Рацин“ – нова и современа, по европски стандарди

Од:

„Најсовремената и најубавата градинка во Република Македонија, „Кочо Рацин“, ќе биде готова кон крајот на септември. Општина Центар, за прв пат по 40 години, добива ново катче за сместување и воспитување на децата.

Gradinka Kocho Racin (1)

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, беше во обиколка на објектот кој се наоѓа во завршна фаза. Градоначалникот вели дека ова е градинка со која ќе се гордееме сите.

Gradinka Kocho Racin (2)

Во неа се вградени најсовремени, еколошки материјали. Фасадата на градинката „Кочо Рацин“ ќе биде енергетски-ефикасна, со тројна термичка заштита, а за првпат во образовна институција во Македонија се поставува кровен противпожарен панел“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Gradinka Kocho Racin (3)

„За заштита на здравјето и безбедноста на децата и вработените, подовите се анти-алергени, анти-бактериски и со вградено подно греење. Плафонот се обложува со материјал кој го апсорбира нечистиот воздух и бактериите.

Gradinka Kocho Racin (5)

Ѕидовите се винилни, а меѓу просториите ќе има и звучна изолација. Кујната што се гради е современа, според ХАСАП стандардите, и ќе произведува 500 оброци дневно за децата од матичната градинка и двата клона.

Gradinka Kocho Racin (6)

Децата од Центар ќе добијат градинка каква што заслужуваат, според високите европски критериуми. Изградбата на новата градинка е дел од проектот на општина Центар, „Работно Лето 2015“, пишува во соопштението на Општината.

Gradinka Kocho Racin (7) Gradinka Kocho Racin (8) Gradinka Kocho Racin (9) Gradinka Kocho Racin (10) Gradinka Kocho Racin (11)

 

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски