Нова демократија: Ципрас има авторитарен пристап

Од:

Најголемата грчка опозициска партија Нова демократија го обвини премиерот Алексис Ципрас дека има „авторитарен пристап“, откако тој одби да се сретне со опозицискиот лидер Вангелис Меимаракис, во неговиот обид да формира влада и да се избегнат предвремени избори.

– Средбите на политичките лидери во рамките на прелиминарни мандати се институционални и уставни и имаат за цел, меѓу другото, намалување на политичките тензии. Тие не се пријателски средби, се вели во соопштение на конзервативната партија.

„Веќе неколку месеци, господинот Ципрас се однесува со авторитарен пристап. Тој одлучува сам за многу сериозни прашања за иднината на земјата, и кога ги сфаќа негативните ефекти на неговите чекори, се претставува како жртва на уцена“, се додава во документот.

Нова демократија смета дека напорите за подобра иднина бараат дијалог, консензус и пошироки коалиции меѓу политичките сили и тоа е причината зошто партискиот лидер Меимаракис сакал да се сретне Ципрас. Премиерот одговори дека „не сака да го види“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит