„Катимерини“: Десетици илјади деца годинава нема да се запишат во градинка во Грција

Од:

Претставници на грчките локални власти предупредуваат дека илјадници родители од септември нема да можат да ги запишат своите деца во градинка, затоа што, едноставно, нема доволно места, пишува „Катимерини“.

Минатата година, во градинките финансирани од локалните власти и централната владина програма имало место за околу 75.000 деца, а за упис се пријавиле повеќе од 112.000 деца.

Оваа година, локалните власти очекуваат поради економските проблеми со кои се соочуваат многу семејства, за упис во државни градинки да се пријават повеќе од 120.000 деца, но, за сега, никаде не се нудат дополнителни места.

– Ако веднаш не се преземат некакви чекори, ќе има десетици илјади деца за кои нема да има место во претшколската установа, затоа што нивните родители не можат да платат за приватни градинки, изјави за „Катимерини“ градоначалникот на солунската општина Сикиес, Симос Данилидис.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит