Спикерот на бразилскиот Парламент и поранешниот претседател Мело обвинети за корупција

Од:

Спикерот на бразилскиот Конгрес (Парламентот) Едуардо Куња и поранешниот претседател на Бразил, Фернандо Колор де Мело, се обвинети за корупција, поврзана со скандалот со бразилскиот гигант „Петробрас“.

Куња е обвинет за корупција и за перење пари, како и дек земал поткуп од пет милиони долари за да се обезбеди склучување зделка со државната нафтена компанија „Петробрас“.

Тој ги отфрла сите обвинувања и вели дека станува збир за „политичка одмазда„ и за обвинувања кои се мотивирани од политички интереси на неговите противнци.

Спикерот Куња изјави дека нема намера да поднесе оставка дури и формално да биде обвинет, како и дека ќе остане на функцијата на која е избран со големо мнозинство од пратениците во Парламентот.

Овој бразилски политичар, минатиот месец ја напушти најгокемата партија во владината коалиција, за да се приклучи на кампањата за покренување импичмент против претседателот Дилма Русеф.

Де Мело беше претседател на Бразил само две годни, од 1990 до 1992 година, кога поднесе оставка на само неколку часови пред Сенатот да одлучи за покренување постапка за импичмент против него, откако беше обвинет за корупција.

Овој поранешен бразисли претседател беше и претходно обвинуван за поврзаност со скандалот во компанијата „Петробрас“ но Обвинителството засега не соопштува за што Де Мело сего се обвинува.

Дестици бразилски политичари, бизнисмени и вработени во државната админстрација се обвинети за поврзаност со корупцискиот скандал во „Петробрас“.

Меѓу осомничените се наоѓа и актуелниот претседател Дилма Русеф.На демонстрации во Бразил на кои учествуваа повеќе од два милиони луѓе, се бараше таа да поднесе иставка.

Русеф и припаѓа на Работничката партија од каде беше и нејзиниот претходник и поранешен левичарски синдикалист и Лула.Во октомври минатата година, Русеф беше повторно избрана за уште еден, четиригодипен претседателски мандат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск