За само 35 дена од ловната сезона, во Италија убиени 13 луѓе

Од:

Во првите 35 дена од почетокот на сезоната на лов во Италија, хоби со кое се занимаваат 720.000 луѓе, веќе 13 луѓе се убиени, меѓу кои и едно дете. Дополнително, 33 се повредени, соопшти здружението на жртви на лов. Пораката на здружението е „запрете го масакрот“.

Бројот е значително поголем во однос на претходната сезона, ако се знае дека во целата есен-пролет сезона, беа убиени 25 луѓе, од кои 24 беа ловци, а 70 биле ранети.

Владата треба да направи нешто. Обичните граѓани не можат да ги извршуваат своите нормални активности во ловечки области, а да не го ризикуваат животот. Ловот во Италија треба да се забрани – изјави претседателката на здружението на жртви на лов.

Последната несреќа се случи во саботата, кога на северозападот на државата, 16 годишно момче го уби својот најдобар пријател кој има 17 години.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски