Халед Мешаал: Хамас и Израел водат преговори за примирје

Од:

Лидерот на палестинското движење Хамас, Халед Мешаал, изјави дека со Израел се водат преговори за примирје, на кои се уште нема спогодба, но тие минуваат во позитивна атмосфера, пренесе ДПА, цитирајќи го весникот „Ал Араби ал Џадид“.

Израел во понеделникот соопшти дека со ова исламистичко движење, што го контролира Појасот Газа,  не се водат ниту директни, ниту индиректни преговори.

-Разговорите се развиваат позитивно, но се уште не сме постигнале спогодба, рече Мешаал во интервју за преговорите, за кои тој тврди дека се во тек.

И покрај тоа што во Газа од минатата година има де факто примирје, ситуацијата за жителите на енклавата е неиздржлива, бидејќи се наоѓаат под сурова блокада, рече водачот на Хамас.

Мешаал подвлече дека Хамас нема да го остави оружјето се додека трае израелската окупација на палестински територии.

Поранешниот британски премиер, Тони Блер, во последните неколку месеци разговарал со Мешаал за евентуален долгорочен прекин на огнот, додаде ДПА.

Од 2008 година Израел водеше три војни во Газа со Хамас и со другите групи, во кои загинаа илјадници луѓе, од кои повеќето беа цивили Палестинци, покажуваат податоците на ОН и на организаците за правата на човекот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вечерва силно ќе удриме на Блискиот Исток најави Израел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Терористички напад во Тел Авив, шестмина мртви

ВИДЕО: 80 проценти од ракетите ја погодија целта тврди Иран, Израелците велат нема извештаи за повредени

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иран го потврди нападот на Израел: Ова е одмазда за убиствата на Ханија и Насрала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Иран го нападна Израел

Катерина Ѓуровски

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски