Хрватска од буџетот на ЕУ лани повлекла 173 милиони евра повеќе отколку што уплатила

Од:

Хрватска во 2014 година повлекла 173,6 милиони евра повеќе  отколку што уплатила во буџетот на ЕУ, се наведува во финансискиот извештај на Европската комисија објавен на нејзината страница.

Овој вишок е значително поголем отколку во 2013 година, кога Хрватска била во плус во однос на уплатите во буџетот на ЕУ за 49,6 милиони евра.

Според податоците од финансискиот извештај на ЕК, Хрватска лани од буџетот на ЕУ повлекла вкупно 584,3 милиони евра, додека во 2013 година тој износ бил 290 милиони евра. Притоа лани најмногу пари од буџетот на ЕУ биле повлечени во име на економската, социјална и територијална кохезија, дури 313,9 милиони евра.

Според нето приливот во буџетот на ЕУ, Хравтска меѓу членките од ЕУ е во рангот со Малта, која лани повлекла 179,4 милиони евра повеќе отколку што уплатила.

Хрватскиот нето прилив од буџетот на ЕУ е поголем од оној што го остварила Ирска (38,8 милиони евра), Луксембург (80,1 милион евра) и Кипар (114,8 милиони евра).

Од 28 членки на ЕУ лани десет биле нето даватели во буџетот на ЕУ, а најголем минус меѓу уплатите и исплатите имала Германија – 15,5 милијарди евра. Најголемата позитивна разлика меѓу уплатите и исплатите од буџетот на ЕУ лани остварила Полска – 13,75 милијарди евра.

Потпретседателот на хрватската Влада, Бранко Грчиќ, задолжен за координација на користењето на европските структурни и инвестициски фондови, вели дека тоа е уште една добра вест за Хрватска и Владата.

-Се остварија нашите прогнози дека конечната пресметка на сите уплати и исплати од буџетот на ЕУ кон Хрватска може да покаже и поголем нето ефект од претходно споменатите 87 милиони евра. Уште поважно е дека овие средства забрзано се трошат на проекти што оваа Влада ги почна, па така во првите шест месеци од оваа година исплатени се 2,8 милијарди куни во однос на минатогодишните 1,1 милијарда. Тоа зборува дека изворите од ЕУ стануваат се позначајни за финансирањето на инвестициите со се повидлив ефект врз хрватската економија, оцени Грчиќ во изјава за Хина.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски