Мисијата на ММФ почнува официјални разговори со Србија

Од:

Во Народната банка на Србија денеска почнуваат официјални разговори со мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за втора ревизија на стенд бај аранжманот со Србија во износ од 1,2 милијарди евра, јави Танјуг.

Мисијата на ММФ, предводена од Џејмс Руф, ќе престојува во Белград до 1 септември. Теми на разговорите со српските официјални претставници ќе бидат состојбата на јавните финансии и можностите за зголемување на пензиите и платите во јавниот сектор, кои се намалени од ноември 2014.

Се очекува ММФ да го одобри зголемувањето на плати и пензии, бидејќи дефицитот на Србија е помал од предвиденото.

ММф треба да анализира исто така како се исполнува договорот за реструктуирање на државните претпријатија како електродистрибутивната компанија, гасната компанија и државните железници.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор