Изложба на фотографии и електронски разгледници „Убавините на Новаци“

Од:

Во рамките на културното лето „Новаци 2015“ синоќа во општина Новаци се одржа изложба на фотографии и електронски разгледници на тема „Убавините на Новаци“ чиј автор е младиот битолчанец Мартин Николовски.

На изложбата се претставени 30 фотографии од целата територија што ја опфаќа општина Новаци, како и 15 електронски разгледници кои што општината ќе може да ги користи за промоција и развој на туризмот.

– Целта на оваа изложба е поголема промоција на општина Новаци и убавините со кои располага општината. Иако е рурална сепак има многу значајни културно-историски споменици кои вредат да се посетат, а преку оваа изложба сакав да придонесам во развојот на рурален туризам. Фотографиите се дело на Сашо Ристевски, а додека пак електронските разгледници ги подготви Владимир Видановски. Она што го опфативме во изложбата се филмскиот мост во село Зовиќ, куќата на Калеш Анѓа, францускиот пат од втората светска војна, караулата на доктор Рајс и костурницата на Кајмакчалан, манастирот Пресвета Богородица во Новаци, но не ги изоставивме и природните убавини на општината. Во оваа општина се наоѓа и најголемиот производител на електрична енергија тоа е РЕК Битола како и двата рудници за ископ на јаглен Суводол и Брод – Гнеотино, истакна авторот Николовски.

Општина Новаци трета година по ред го организира културното лето, а во изминативе години понуди бројни културни настани, изложби на фотографии, промоција на книги, концерти на бројни групи, фолклор и народно творештво, стенд ап комедија и други содржини.

Овие настани се финансирани од проектот „Топол културен бран“ на Министерството за култура на Република Македонија, градоначалникот Лазар Котевски и општинскиот Совет.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска