ВИДЕО: Градинката „13-ти ноември“, по 64 години, се реконструира во современ, еколошки објект

Од:

Општина Центар, по 64 години, ја реконструира и проширува градинката „13-ти ноември“. Децата од средината на септември ќе престојуваат во многу подобри услови.

„Од стариот, руиниран објект останаа само ѕидовите. Се’ друго е комплетно ново и квалитетно изработено.

Gradinka 13-ti noemvri (6)

Реконструирани се канцелариите, занималните, ходниците, санитариите, кујната, целосно е обновен подрумскиот простор. Градинката ќе има нови нелизгачки плочки, прозорци, грејни тела и нови, изолациски подови“, соопштуваат од Општина Центар.

Gradinka 13-ti noemvri (5)

„Според стандардите за производство и пласман на храна, се гради лифт за храна, конечно се решава огромниот проблем со влагата, која имаше штетни последици врз здравјето на децата и вработените, како и со руинираниот паркет и ламинат.

Gradinka 13-ti noemvri (4)

Отпадните фекални води од објектот, со новопроектираната инсталација, се дистрибуираат со постечкиот приклучок до градската канализациона мрежа“, велат од Општина Центар.

Gradinka 13-ti noemvri (1)

„Градинката „13-ти ноември“ сега ќе биде современ, енергетски-ефикасен објект, а реконструкцијата и градењето се изведува со најквалитетни еколошки материјали.

Gradinka 13-ti noemvri (2)

И оваа реконструкција е дел од амбициозниот проект на општина Центар, „Работно Лето 2015“, пишува во соопштението на Општината.

Gradinka 13-ti noemvri (3)

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории