Лидерот на СДСМ, Зоран Заев кажа дека специјалниот јавен обвинител не е дојден во фаза во којашто може да се дадат конкретни коментари.
-Социјалдемократскиот сојуз има изготвено комплетно законско решение за Специјалниот јавен обвинител со целосна автономност. Тоа решение денеска ќе биде проследено до меѓународната заедница и до останатите политички субјекти за коешто се надевам дека уште утре ќе се дебатира по него, да се изнајде комплетно конечно решение.
Законското решение мора да биде уставно, Специјалниот јавен обвинител мора да биде со целосна автономност, мора да има околу него заменици обвинители коишто ќе работат, стручни служби, техничка подготовеност, соодветна финансиска надокнада, да не трпи притисок, обезбедување, она коешто му е важно, односно секој лаик што подразбира под целосна автономија, да биде таа овозможена. Апсолутно тој да одговара само пред граѓаните, преку Парламентот, преку Совет на обвинители или директно пред граѓаните за да нема хиерархиска и субординациска поставеност. Значи да не одговара директно пред Зврлевски или пред било кој од Обвинителството, да биде целосна автономијата за да може секако да постапи по предметите коишто се поврзани со прислушкувањето и што произлегуваат од самото прислушување.
Штом ќе се договориме за самото законско решение, веднаш се отварааат можности да разговараме и за персоналните решенија. Несериозно е според нас да разговараме за една ваква сериозна позиција во општетсвото без сериозни кандидати, потенцијални, да знаат по кој закон тие ќе постапуваат. Логичното редослед е законското решение, а после тоа разговараме со самите кандидати, вредни како независни луѓе, докажани експерти коишто се стручни и доволно храбри да ја зграпчат честа, оти ова ќе биде голема историска чест на оној којшто ќе го добие правото да го води ова специјално јавно обвинителство, рече Заев.
Заев кој беше во посета на Велес кажа дека добил поддршка за тоа што го почнал.
-Најголем дел од граѓаните велат, господине Заев, да издржите и да продолжите така, мора во Македонија да се случат промените. Вториот дел од граѓаните, на коишто веќе им е јасно дека оваа власт заминува вели мора да испорачате понуда презицна и конкретна за сите.
Велес е срцето на Македонија, еден од најсилните индикатори за економската опустошеност е Велес. Знаеме дека најмногу млади невработени имаме од Велес, најмногу фабрики коишто се затворени се тука од Велес, и еден од градовите коишто заслужуваат посебно внимание, секако и останатите делови од Македонија.
Оној дел којшто го развиваме, парите да ги вратиме назад кон граѓаните е значителен дел од нашата понуда разглобено по сите сегменти, без разлика дали е тоа здравството, образованието, економијата, квалитетните работни места, достоинствено работно место коешто може да биде отворено. Наместо во споменици, наместо во сите овие реклами по медиуми, кражби и џепови, парите мора да се вратат назад кон граѓаните. Ние сме граѓанско насочена политичка организација, веруваме дека ако народот има пари ќе ни ја биде и државата таа е филозофијата за којашто ќе дебатираме сите овие месеци до 24-ти април.
Апсолутно сме свесни и на оние на коишто им е веќе апсолутно јасно, а тоа се огромно мнозинство од граѓаните дека оваа власт ќе направи и ќе наврши десет години во април од своето владеење, конечно ќе замине, но веднаш се отвара моментот, што после тоа? Што да очекуваме? Која е понудата на опозицијата? Како тоа моето семејство ќе го почуствува како граѓанин? Тоа го прашуваат граѓаните, како ќе видиме дека тоа е добро за иднината на државата? Како ќе се поместат главните проблеми, како што е миграцијата на младите, невработеноста, пониженоста, уништеното достоинство, генерално сите тие решенија ќе ги испорачаме комплетно до граѓаните.
Ве повикувам да не следите во периодот што предстои, да отварате дебата, да не прашувате и најнезгодни прашања за да може да ги доловиме сите одговори коишто се важни за граѓаните, рече Заев.