Маж повреден во напад со секира во Штип

Од:

Четириесетгодишен маж синоќа во Штип бил нападнат од три лица со секира и е тешко повреден.

Како што соопшти МВР, инцидентот се случил околу 21 часот на ул. „Партизанска“ кога М.К.(37),  М.А.(42) и 15 – годишно малолетно лице физички го нападнале Е.Д.(40) при што малолетникот со тапиот дел од секира го удрил во пределот на главата по што паднал во безсознание.

Повредениот со возило на брза помош е пренесен во клиничката болница во Штип, каде му е укажана лекарска помош. Поради констатираните тешки телесни повреди Е.Д. бил задржан на лекување.

По преземени мерки двајцата осомничени се приведени и со нив е извршен разговор, додека по М.А. се трага.

По целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен  поднесок.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина