Кражба во црква во село Волковија

Од:

Непознати сторители во текот на изминатите десеттина денови извршиле кражба во црквата „Свети Атанасије“ во селото Волковија, информираше денеска портпаролот на СВР – Тетово Марјан Јосифовски.

Случајот во полицијата е пријавен вчера попладне од страна на Ј.С.(65) од Волковија.

Според неговата пријава сторителите најверојатно низ незаклучената врата влегле во објектот и насилно ја отвориле металната кутија за доброволни прилози од верниците од која одзеле 3.000 денари и незабележани од никого излегле од црквата.

Полицијата извршила увид и работи на откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница