Хамас тврди дека „заробиле“ делфин кој работел како „израелски шпион“

Од:

 Исламистичката милитантна група Хамас, која ја има контролата во Газа, соопшти дека „заробиле“ делфин, кого Израелците го користеле како „шпион“ покрај брегот на појасот.

Локалниот весник „Ал Кудс“ тврди дека фатениот делфин имал на себе „шпионска опрема“ вклучувајќи и камери. Делфинот го откриле и го уловиле припадници на морнаричката единица на военото крило на Хамас, а делфинот го прикажуваат како своја прва „победа“ над Израелците.

Засега ниту Хамас, а ниту весникот, не даваат други детали со што би можело да се потврди тврдењето, а нема ниту фотографија од заровениот „делфин-шпион„.

Весникот „Ал Кудс„ кој е под контрола на Хамас, само пишува дека животното било земено од израелските власти, за да биде претворено во „убиец„.

Израелските власти не го коментираа тврдењето од Газа дека оваа милитантна палестинска група се шпионира со помош на дресиран делфин.

Ова не е прв пат Израел и неговата разузнавачка агенција Мосад да се обвинува дека користи животни и птици за шпионски потреби.

Во 2010 година, Израелците ги отфрлија обвинувањата од Египет, дека серијата напади на ајкули во Црвено Море се дел од „израелски заговор„.Вакви обвинувња таа година имаше и од Саудиска Арабија, а пред три години, турските власти тврдеа дека уловиле птица ореселница, опремена со опрема за разузнавање.

Би можело да ве интересира

Израел му забрани влез во земјата на шефот на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

Прва реакција на врховниот лидер на Иран: „Одете си од регионот“

Катерина Ѓуровски

Да не се патува во Израел, Либан и Иран повика Министерството за надворешни

Израел ќе му се одмазди на Иран за нападот, протекоа детали од планот

Катерина Ѓуровски

Пад на Волстрит поради Иран и Израел, пораснаа акциите на производителите на оружје

ВИДЕО: Хезболах тврди дека погодил воени позиции и касарна, Израел признава “инцидент“ во северниот дел

Катерина Ѓуровски