Нова демократија го обвинува Ципрас за опортунизам

Од:

Најголемата грчка опозициска партија Нова демократија денеска остро го нападна премиерот Алексис Ципрас обвинувајќи го дека неговата стратегија и гласините за предвремени избори ја поткопуваат грчката економија.

Извори од партијата за грчките медиуми изјавиле дека „опасниот опортунизам на Ципрас е бесконечен и е против државата“. Акциите на Ципрас се насочени исклучиво кон Лафазанис, и Нова Демократија го обвинува премиерот дека внатрепартискиот проблем што би можел да го реши, како што вети, стана опсесија со непредвидливи последици за земјата.

Во меѓувреме, во Атина е најавен состанок во седиштето на Владата со кој ќе претседатева Ципрас. За време на состанокот, кој треба да почне за еден час, наверојатно ќе бидат донесени одлуки за следните политички иницијативи, соопштија владини извори.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит