Страничното спиење го намалува ризикот од Алцхајмер

Од:

Страничното спиење ја намалува опасноста од појава на невролошки болести, како што е Алцхајмер или Паркинс, тврдат американски научници.

Оваа положба придонесува за чистење на мозокот од токсини кои се наталожиле во текот на денот, многу повеќе од спиењето на стомак или грб, се наведува во истражувањето на експертите од Универзитетот Стони Брук.

Со анализа на снимките од мозокот, тие утврдиле дека лимфниот систем, задолжен за отстранување на токсините, работи поефикасно кога човекот спие странично. Со тоа би требало да се намали опасноста од развој на невролошки болести.

– Квалитетот на сонот и положбата на телото во текот на спиењето се нови параметри кои треба да се земат предвид при откривање на ризикот од церебрални нарушувања, сметаат научниците.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска