Напорната работа ги намалува шансите за забременување

Од:

Жените, кои работат повеќе од 40 часа неделно или чија работа вклучува секојдневно кревање на тешки предмети имаат помали шанси за добивање потомство, тврдат американските научници.

Во истражувањето учествубале 1.739 испитанички, кои се обидувале да останат бремени. Шестнаесет отсто од нив не успеале да го постигнат тоа во период од 12 месеци, а пет отсто ниту по две години.

Истражувањето покажало дека жените кои работат повеќе од 40 часа неделно имаат 20 отсто помали шанси да се остварат како мајки во споредба со жените, кои работат помалку од тоа. Исто така кревањето и поместувањето на предмети, кои тежат најмалку 11 килограми го продолжувало времето потребно за зачнување за најмалку 50 отсто.

Врска меѓу зачестеноста на ноќните смени и намалување на шансите за зачнување не е откриена, наведуваат научниците од факултетот за јавно здравје Харвард во Бостон.

Како една од можните причини се наведува физичката исцрпеност, која го слабее женскиот организам, но и предизвикува намалување на зачестеноста на сексуалните односи.

Лекарите советуваат одржување на оптимална телесна тежина, редовно физичко вежбање, избегнување на пушење и стрес, како и користење на уреди за следење на плодноста.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска