Формула 1 тимот на Ферари ќе го задржи возачкиот тандем Кими Раиконен – Себастијан Фетел и во наредната 2016 г.
Италијанскиот тим размислуваше да се откаже од услугите на финецот заради слабата форма сезонава и да побара друго решение. Но од седиштето на Ферари објавија дека го обновиле договорот со Раиконен. Тоа значи дека Валтери Ботас којшто беше планиран за замена, сепак ќе остане во Вилијамс.
-Тука сакам да ја завршам кариерата, попосветен сум од било кога, рече Раиконен.
Следната трка од Ф1 календарот се вози во Белгија на патеката Спа Франкошам од 21 до 23 август.