Уметниците од повеќе држави творат на ликовната колонија „Куманово 2015“

Од:

Околу 30 уметници од Македонија, Србија и Романија творат во комплексот „Пелинце“ во рамки на 41. Меѓународна ликовна колонија „Куманово 2015“ што ја организираат општината и Музејот од Куманово.

Колонијата што започна вчера ќе трае до 28 август и се очекува за ова време од страна на уметниците да бидат создадени 30-тина дела.

– Уметниците ќе работат во класичните ликовни дисциплини на сликарството и скулптурата, кои по својата тематика се вклопуваат во сите постмодерни правци. Како заеднички организатори со Општината не само што го негуваме овој продуктивен пристап, туку се трудиме тие да споделат убави моменти, знаења и дел од нивната култура, изјави Драгана Спасковска, кустос во Уметничката галерија на Музејот Куманово.

Уметничката Амалија Суручану од Романија е воодушевена од организацијата и од природата во која твори. Таа истакна дека ќе се обиде заедно со нејзините двајца колеги од Кампина да пренесат дел од романската култура и да направат спој со македонската култура во нивните дела.

Петар Попчев првпат учествува на колонијата и како што изјави веќе работи на две дела, а планира до крајот на колонијата да создаде четири дела, а скулпторот Александар Јанев оцени дека организацијата овозможува скулпторите непречено да работат така што тој почнал изработка на женско торзо и конструкција од метал и дрво.

Градоначалникот Зоран Дамјановски, кој денеска ги посети уметниците, изјави дека на оваа колонија која трае речиси половина век, поминале врвни уметници и потсети дека во текот на 41-годишното опстојување се менувале локациите од манастирот Прохор Пчињски до манастирот Матјче за да последните десетина години се одржува во комплексот Пелинце.

Делата што ќе бидат создадени на колонијата ќе бидат изложени во Уметничката галерија на изложба во чест на Деновите на градот по што ќе бидат презентирани во галериите во други градови.

Од досега одржаните колонии во просториите на институциите има над 1000 уметнички дела.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска