Познат идентитетот на жената која синоќа загина во струшко

Од:

Седумдесет и девет годишната Нафије М. од Струга е жената која синоќа го загуби животот по удар од автобус на магистралниот пат Ќафасан – Струга во близина на населбата Мислешевски пат.

– Сообраќајната незгода се случила во момент на непрописно преминување на коловозот од починатата и неприлагодена брзина према условите на патот со која се движел автобус „Мерцедес“ со гостиварски регистарски таблици сопственост на „Дурмо турс“, а управуван од Г.Д. (48) од Гостивар, инфомира денеска портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Тој појасни дека во моментот на непрописното преминување на коловозот Нафије М.  била удрена со предниот дел од автобусот кој на патот се движел во правец од Струга према селото Подмоље.

На местото на незгодата извршен е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Струга, како и полициски екипи од полициска станица за безбедност во патниот сообраќај-Струга.

За време на увидот, магистралниот пат не беше запрен за сообраќај, односно сообраќајот се одвиваше со пренасочување на околните улици.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски