Почна 26. Меѓународна галичка ликовна колонија

Од:

26-тото издание на традиционалната меѓународна ликовна колонија „Галичник“, годинава се одржува со седум уметници: Јерум Хаусман од Холандија, Бахрам Ќалилов од Азербејџан, Лазар Пејовиќ од Црна Гора, Тошиаки Томита од Јапонија, Марија Сотировска, Велимир Жерновски и Михаела Јовановска од Македонија.

„Колонијата продолжува со своите зацртани прерогативи, а тоа се квалитет во изборот на уметниците и уникатност во поглед на идејната структурираност, па оттука веќе седма година колонијата се движи во правец на дигиталните медиуми и медиа уметностите, па генерално поканетите уметници се занимаваат со уметничка фотографија, видео, инсталација, дигитална графика и слично. Поголемиот број автори се зрели автори чија кариера е во сигурен успон следејќи по бројот и имињата на изложбите на кои зеле учество индивидуално или како селектирани претставници на своите земји на групни меѓународни претставувања, а останатите се млади уметници, кои покажуваат особен талент, креативност и сигурно се наметнуваат на сцените од каде доагѓаат и вон нив. Овој избор на дигиталната медиумска стратиграфија, а секако и секогаш примарниот аспект на внимателен избор на афирмирани уметници, ја чини оваа колонија единствена во Македонија. Неодамнешната изложба на претходните три сесии на колонијата, која се одржа во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, го докажа својот квалитет и својата современост.“, пишува кураторката Ана Франговска.

Колонијата ќе трае до 25 август, а покрај престојот и работата во ова прекрасно и живописно место кое со својата богата историја, традиција и природна убавина секако ќе изврши влијание врз оформените уметници, авторите ќе имаат можност да посетат и некои од околните села, да ги видат прекрасните водопади во Ростуше, да го видат манастирот Св. Јован Бигорски, а секако и ќе се организира еднодневна посета на нашиот бисер градот Охрид, со едни од најубавите манастири и цркви на Балканот и пошироко.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска