ВИДЕО: Судири меѓу мигрантите на Лезбос

Од:

Групи мигранти од различни националности вчера се степаа на островот Лезбос, каде чекаат идентификација од грчките власти за после да можат да бидат префрлени во прифатните центри, од каде заминуваат со брод кон Атина.

Државната новинска агенција АНА-МПА јави дека судирите избувнале затоа што сириските бегалци, особено жените и децата, се обработуваат побрзо од другите националности, што предизвикува незадоволство кај другите групи.

Властите користат само два компјутери поставени во контејнер во близина на пристаништето Митилена, каде ги регистрираат мигрантите кои се принудени да чекаат со часови. Доцнењето и исцрпеноста, исто така, предизвикува мигрантите агресивно да се однесуваат кон припадниците на крајбрежната стража.

Се проценува дека околу 4.000 мигранти чекаат на пристаништето за да се качат на бродовите до Пиреја. Вчера и завчера на траекти се качиле само 300 луѓе.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит