Додека известуваше од плоштадот Тахрир во Каиро, група мажи ја нападнаа и сакаа да ја силуваат новинарката на Франс 4, Сони Дриди.
Според неа, нападот се случил додека давала извештај. Ја опколила група мажи кои почнале да ја допираат по целото тело и да ја соблекуваат.
Новинарката е спасена благодарение на нејзиниот колега Ашраф Калил кој успеал да ја извлече од рацете на „збеснатите мажи“.
Тој кажа дека луѓето кои се обидоа да ја силуваат Сони учествувале на протестот но потоа како „збудалени“ се упатиле кон нив.
„Се што можев да направам е да ја гушнам силно и цврсто да ги стегнам рацеве околу неа, а од присутните не успеав да видам кој сакаше да ја спаси, а кој да ја силува“.
На нападнатата новинарка некој од присутните и препорачал да влезе во комбето, но таа не знаела дали предлогот е да ја спаси или пак сака да ја наседне.
Новинарката успеала да се спаси во еден ресторан во кој втрчала со своите колеги.
Таму се заклучиле и останале неколку часа додека се смирила целата ситуација.