Во изминатата година во Ирак биле убиени над 7.000 борци на терористичката група „Исламска држава“, изјави во Канбера главниот командант на единиците на австралиските вооружени сили во операциите зад границата Дејвид Џонсон.
Според него, ИД во моментот е фокусирана врз напорите не за совладување нови територии, туку за задржување на оние, кои порано паднале под нејзина контрола.
– Наместо да преземат нови офанзиви, тие се принудени се повеќе да се бранат и да го забават напредокот на ирачките сили, рече Џонсон.
Во военовоздухопловната база „Минхад“ во Обединети Арапски Емирати се распоредени осум авиони на австралиските военовоздухопловни сили.