За една недела во Грција пристигнале околу 21.000 илегални имигранти

Од:

За една недела во Грција пристигнале 20.843 илегални имигранти, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР), Зијад Раад ал Хусеин.

Според него оваа бројка е половина од вкупниот број бегалци, кои пристигнале во Грција по морски пат во цела 2014 година, и продолжува да се зголемува.

Податоците на УНХЦР покажуваат дека од почетокот на годинава во Грција преку Средоземно Море пристигнале околу 124.000 бегалци и имигранти.

Во споредба со истиот период минатата година растот достигнал над 750 отсто. Само во јули во земјата по морски пат пристигнале 50.000 лица, што е за 20 проценти повеќе во споредба со јуни. Главно станува збор за имигранти од Сирија, Авганистан и Ирак.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит