Грција продаде 14 регионални аеродроми

Од:

Во грчкиот Службен весник денеска е објавен договорот за продажба на 14 регионални аеродроми на германскиот оператор Фрапорт – Слентел, за 12, 3 милијарди евра.

Ова е прва приватизација спроведена од страна на Владата на Сириза, и е дел од договорот со меѓународните кредитори кој беше ратификуван од грчкиот Парламент на 14 август.

Фрапорт – Слентел е германско-грчки конзорциум во кој се споени германскиот оператор Фрапорт и грчката компанија Слентел од конзорциумот Копелузос.

Со приватизацијата се опфатени аеродроми во Солун, на Крф, Крит, Кефалонија, Закинтос, Родос, Кос, Лезбос, Миконос, Санторини, Скијатос, Кос, Самос и Кавала.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит