Перуански кардинал обвинет дека прави плагијати од делата на двајца поранешни папи

Од:

Надбискупот на Лима, кардиналот Хуан Луис Кипријани е обвинет дека во своите написи што ги објавува во весникот „Ел Комерсио„ прави плагијат „крадејќи„ цели делови од текстови и книги на двајца поранешни поглавари на католичката црква.

Случајот на кардиналот, го покрена перуанскиот интернет весник „Утеро„ кој го обвини надбискупот Кипријани дека неговите написи се „обичен плагијат„ на авторските трудови на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесети и од некогашниот поглавар на Светиот стол, папата Павле Шести.

„Утеро„ утврдил дека во написите и уводниците на кардиналот Кипријани во „Ел Комерсио„ се откарднатаи цели делови од книгата „Комунио„ на папата Бенедикт, напишана во времето кога тој бил кардинал Јозеф Рацинегр, како и од енцикликата „Еклесиам суам„ на папата Павле.

Широките делови од делата на овие двајца поранешни папи, во написите на кардиналот Кипријани, се „најобично препишани„ а тој во ниту една прилика не споменува дека станува збор за цитати, или дека при правењето на написите, се користени книги и статии на папите Бенедикт и Павле, објаснува интернет весникот „Утеро„.

Кардиналот на Лима, Кипријани реагираше на обвинуваата со јавно извинување, затоа што не ги споменал изворите, при правењето на неговите текстови за весникот.

„Сите мои подучувања доаѓаат и потекнуваат од понтифитот (поглаварот) на католичката црква, па би требало постојано да повторувам дека папата го рекол тоа„- изјави кардиналот Кипријани во своето извинување до јавниста и до читателите на весникот.

Тој ,сепак, се обиде да се оправда, на тој начин што вели дека папите „немаат авторски и сопственички права„ врз нивните зборови, затоа што сетоа она што тие го напишале, или го изговориле, претставува дел од црковното наследство.

Весникот „Ел Комерсио„ што важи за еден од најугледните во Перу, во меѓувреме, ги избриша од својата интернет страница прилозите на кардиналот Хуан Луис Кипријани и соопшти дека повеќе нема да објавува негови текстови.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска