Грчкиот државен министер за координација на владините операции Алекос Фламбурарис изрази уверување дека гласање за доверба на Владата сигурно ќе се одржи.
Во изјава за телевизијата Мега, тој додаде дека ако Владата не добие доверба, изборите ќе се одржат 25 дена подоцна.
– Ако немаме парламентарно мнозинство, повторно ќе соработуваме со Независни Грци (Анел). Оваа соработка функционира, истакна тој.
– Главниот исход од изборите ќе биде стабилизација на економијата. И подобрување на секојдневниот живот на грчките граѓани, додаде Флабурарис.