Суперлуксузниот автомобил „Мекларен Ф1“, што му припаѓаше на британскиот комичар Роуен Еткинскон (Мистер Бин, Црни Гуја), на почетокот на јуни го смени сопственикот за неверојатни 11 милиони евра, а сега модификуваната “ЛМ“ верзијата на истиот модел на една аукција достигна уште поголема цена.
Одамна се знае дека ретките супер-спортски автомобили се вносна инвестиција. „Мекларен Ф1“ еден е од моделите чии сопственици по продажбата задоволно ги тријат рацете.
Примерокот со број на шасија 073, што минал само 6.000 километри, на аукцијата на куќата „РМ“ достигна цена од дури 13,75 милиони долари (околу 12,4 милиони евра).
Станува збор за дополнително модифициран автомобил што е унапреден во „ЛМ“ верзија.
Оригиналните сериски „ЛМ“ примероци се многу ретки, со оглед на фактот дека се направени само пет (плус прототипот).
Заради тоа одделението за специјални операции на „Мекларен“ по нарачка врши надградба на стандардниот „Ф1“, а еден од таквите е и автомобилот што беше продаден на аукција.
Доработениот примерок меѓу останатото има дополнителни аеродинамички елементи, додека 6.1-литарскиот В12 мотор е засилен од 636 на 680 „коња“.