Шекеринска до власта: Ајде сите со документи да покажеме кој каде летувал, колку и чии пари трошел

Од:

Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска реагира по објавените информации дека е на “луксузен одмор“ во Грција и во кои информации обичен глисер беше претставен како „луксузна јахта“.

Институциите коишто 9 години ги раководи ВМРО-ДПМНЕ сто пати го проверија целиот мој имот. Не најдоа ништо нејпријавено или незаконско затоа што нема.

rada-zaodmorot

Што се однесува до летувањето на моето семејство еве предлог до власта: ВЕДНАШ да организираат дебата на која секој ќе покаже документи каде го поминал одморот, колку тоа чинело и од каде се покриени трошоците. Ајде, јас немам што да кријам.

Како знак на добра волја, нема да поставувам прашање за цената на очилата коишто станаа болна точка на власта, па поради тоа постојано лажат и навредуваат, напиша Шеќеринска на Фејбук.

Ловот на опозиционери на летен одмор почна веднаш по откритието дека премиерот летува во Тел Авив со семејството, но уште повеќе по откритието за скапите очила „Мајбах“ со кои беше фотографиран од некој посетител на плажата. Провладините медиуми се обидуваат да направат паралела со летувањето на премиерот, кое е сосема легално и нормално, но јавноста мора да знае колку пари потрошил и да ги има сите информации со оглед дека е на државна функција. И покрај упатените прашања, Владата се уште нема одговор колку време, каде бил сместен и колку платил премиерот за одморот во Израел.

За Шеќеринска и сите што не извршуваат функции, воопшто не е спорно каде ќе летуваат и колку ќе потрошат доколку немаат допир со државниот буџет.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ