Грција до крајот на годинава би требало да добие пет транши од новата финансиска помош

Од:

Од 20 август до крајот на годината Грција би требало да добие пет транши или повеќе од половина од новиот пакет за спас во вредност 85,5 милијарди ерва, договорен со кредиторите на земјата, јави дописникот на МИА од Атина.

Според весникот „Та Неа“, транши ќе се доделуваат во зависност од спроведените економски мерки, кои ги бараат кредиторите.

Во документ финансиските потреби на Грција, кој и бил претставен на Еврогрупата, се предвидува земјата да добие пет месечни рати од август до декември, а за секоја од нив Владата во Атина ќе треба да спроведува конкретни мерки донесени во Парламентот.

Од вкупно 58 економски мерки, кои биле дискутирани на состанокот на Еврогрупата на 14 август, шест се делумно реализирани, а уште 13 допрва треба да бидат исполнети.

Месечни рати до крајот на годината во вредност 46,7 милијарди евра зависат од овие мерки. Тие ги бараат кредиторите, и предвидуваат кратење на буџетските трошоци, промени во пензиско-осигурителниот систем, решавање на проблемот со лошите кредити и продажба на регионалните аеродроми.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит