Би-Би-Си бара да запре „политичкиот притисок“ врз оваа медиумска компанија

Од:

Претседателот на Би-Би-Си Траст, Рона Ферхед побара денеска од британските политичари, да се престане со притисокот врз оваа јавна медиумска компанија.

Во авторски текст во „Индепендент“ таа инсистира дека иднината на Би-Би-Си мора да биде определена од сознанијата и од фактите, а не врз основа на предрасудите и интересите.

Ферхед која раководи со Трастот, што ја има улогата на Јавен совет на компанијата, се жали на, како што вели, намерите на британските пратеници „да се мешаат во внатрешните работи“ на Би-Би-Си.

Нејзиното обраќање до домашната јавност, доаѓа по најавата на министерот за култура, медиуми и спорт Џон Витингдејл, за тоа дека е потребна дебата за иднината на Би-Би-Си и за тоа како оваа медиумска компанија да биде „појасно определена“.

Ваквата дебата би требало да се спроведе во рамките на редовното преразгледување на Повелбата за Би-Би-Си, со која е определена позицијата на компанијата, но и начинот на нејзниното финансиско работење, што овојпат би требало да се одржи идната година.

Според Владата, оваа јавна медиумска компанија треба да биде „поразвиена“ од тоа како изгледа денеска, но околу ова прашање Би-Би-Си и владејачките конзервативци, како и опозицијата имаат честопати, многу спротивставени гледања.

За владините министри, посебно за сегашната ториевска гарнитура, најспорното прашање е радио-телввизиската претплата, што ја плаќа секое британско домаќинство, по нешто над 140 фунти годишно и „мешањето“ на компанијата во „комерцијалниот сектор“, за што остро приговараат комерцијалните бродкастерски компании, особено во делот на Интернетот.

Пратеници од редовите на ториевците заговараат укинување на претплатата, или нејзино поевтинување. На ваквите идеи се противи Би-Би-Си, која годишно на овој начин собира околу 3,5 милијарди фунти.

Владата успеа да и наметне на команијата да се „откаже“ од околу 600 милиони фунти, на тој начин што наложи да не плаќаат претплата луѓе постари од 75 години, а сега ја испитува можноста, во иднина, претплата да се врзува за инфлацијата.

Компанијата, меѓутоа, прифаќа критичко разгледување на нејзиното работење, но како што вели Ферхед, тоа треба да го направи посебно тело, кое ќе ги претставува луѓето кои плаќаат претплата, а не политичарите. Претседателот на Трастот Рона Ферхед , се повикува на направените анализи дека британската јавност „има голема полза“ од постоењето на силно, но политички независно Би-Би-Си што претставува сервис на сите во земјата.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца