Едно лице загина во сообраќајка кај село Пеширово

Од:

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа на патот Свети Николе – Овче Поле во близината на селото Пеширово, во која загина 42-годишниот Горан С. од Свети Николе.

Во несреќата учествувале патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски таблички и мопед со светиниколски регистарски таблички на кој што загинатиот Горан С. бил сопатник.

Со тешки телесни повредни се здобил и 38-годишниот С.Ѓ., возачот на мопедот. До несреќата дошло откако автомобилот одзади го удрил мопедот.

Портпаролот на СВР Гордана Панајотова вели дела несреќата се случила околу 20 часот и 20 минути на регионалниот пат Свети Николе – Овче Поле. Извршено е алкохолно тестирање на 58-годишниот возач на автомобилот „пежо“ при што е констатирано дека бил под дејство на алкохол.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа кај Камењане, осум лица повредени

Тројца повредени во сообраќајка на патот село Караорман – Штип

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на регионалниот пат село Караорман – Штип

Петмина повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Струмичанец e тешко повреден во несреќа кај кавадаречкото село Марена

Горан Наумовски

Две лица повредени во сообраќајна несреќа на скопската обиколница