Белиот леб предизвикува депресија

Од:

При конзумирање на јаглехидрати, нивото на шеќер во крвта расте, а телото на тоа одговара со лачење хормони за да се воспостави рамнотежа.

Рафинираните јаглехидрати, содржани во белиот леб, тестенините, оризот, не се одговорни само за дебелеење, ниското ниво на енергија и несоница, како што претходно се веруваше, туку и за депресија, покажува истражувањето на Универзитетот во Колумбија.

Врската меѓу рафинираните јаглехидрати и депресијата е пронајдена врз основа на анализираните податоци на 70.000 жени во постменопауза.

При конзумирање јаглехидрати, нивото на шеќер во крвта расте, а телото на тоа одговара со лачење хормони за да се воспостави рамнотежа. Но, нуспојавите од делување на хормоните можат да бидат и вртоглавици, промена на расположението и други симптоми на депресија.

Испитаниците, чија храна се базирала на влакна, зеленчук и житарки, поретко заболувале од депресија, па експертите препорачуваат на вашето мени да се најдат овие намирници.

Претстои да се утврди дали ризик постои и кај жените од другите старосни групи и кај мажите.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска