Бразилците вчера побараа оставка од претседателката Дилма Русеф

Од:

Околу 900. 000 лица учествуваа во протестите низ цел Бразил со барањето за оставка на левичарската претседателка Дилма Русеф, чие владеење е обременето од корупциски скандал и е проследено со економска и политичка криза, пренесоа француските медиуми.

Според организаторите на протестите, на улиците излегле два милиона Бразилци.

Според податоци на полицијата, најмалку 886.000 лица, облечени во националните бои – зелената и жолтата, учествувале во мирните демонстрации.

Учесниците ги вееја бразилските знамиња и носеа транспаренти „Дилма надвор!“ и „Не на корупцијата“. Организатори на протестите се десничарски граѓански движења, поддржани од некои опозициски партии. Според нив, само во економската престолнина на земјата, Сао Паоло, во протестите учествувале еден милион лица.

Владата соопшти дека протестите минале во демократска атмосфера.

Русеф (64) во јануари го почна својот втор претседателски мандат, откако во октомври минатата година беше реизбрана на функцијата. За неколку месеци нејзината популарност опадна до историски минимум од осум проценти. Рецесијата во земјата ја принуди да наметне непопуларни мерки за економески ограничувања, корупцискиот скандал околу државната нафтена компанија „Петробраз“ ја вплетка владеачката Работничка партија и нејзините сојузници, а политичката криза се заканува со распаѓање на кревкото владино мнозинство.

Русеф, поранешна учесничка во отпорот против некогашната воена диктатура, изјавува дека нема да отстапи ниту пред заканите, ниту под притисокот и напомена дека е избрана со гласот на народот, посочуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск