Друштвото на писатели на Македонија ќе го посвети вториот дел од циклусот поетски каравани на книжевните великани и втемелувачи на современата македонска литература како што се Кочо Рацин, Ацо Караманов, Блаже Конески, Гане Тодоровски и Анте Поповски.
Вториот дел од поетскиот караван ДПМ го најави за септември, октомври и ноември во Велес, Радовиш, Кожле, општина Ѓорче Петров, на манифестацијата „Средба на генерациите“ во ДПМ и на Филолошкиот факултет во Скопје.
Во рамки на годинашниот циклус поетскиот караван на ДПМ гостуваше во Свети Николе, Крива Паланка, Битола, Штип, Тетово, општина Илинден, Македонски Брод, Лазарополе, Демир Хисар, а настапи и на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“.
До крајот на годината поетите на ДПМ ќе го продолжат караванот и во Крушево, Гевгелија, Куманово и Кавадарци.
Циклусот поетски каравани Друштвото на писателите на Македонија го реализира во рамки на проектот за дисперзија на културните настани во земјата. На манифестацијата учествуваат 90 поети од сите генерации.