Пешак прегазен во Стар Дојран

Од:

Седумдесет и седумгодишен жител на Гевгелија загина откако бил удрен со автомобил, вчера во Стар Дојран.

Како што соопшти полицијата, вчера околу 14 часот во близина на населба Карач во Стар Дојран се случила сообраќајна незгода во која автомобил „Опел Корса“ со светиниколски регистарски ознаки, а управуван од Д.С. (25) удрил во пешакот Ристо Б.(77) од Гевгелија.

Од незгодата, гевгеличанецот се здобил со повреди и бил пренесен во ЈЗУ-Гевгелија, а потоа и во ГОБ „8-ми Септември“ каде што им подлегнал на повредите.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина