Од гром загина маж, а жена е тешко повредена во прилепско

Од:

Педесет и петгодишен прилепчанец загина од удар од гром, а една жена е повредена и пренесена во Градската болница во Прилеп.

Според началникот на Службата за итна медицинска помош Гоце Јонзоски, станува збор за Гоце Трајкоски, роден 1960 година, пензиониран полицаец.

– Трагедијата се случила во атарот на прилепското село Беровци, во месноста Долно Садово пред 17 часот кога имаше силни грмотевици. Мажот и жената биле на отворено крај машина за нижење тутун, која најверојатно, го привлекла громот. Мажот починал на местото на несреќата, а жената со тешки повреди е префрлена во Градската болница, изјави Јонзоски.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски