Во натпреварот против Селта, настрада ногата на најдобриот играч на Реал. Кристијано Роналдо крајот на натпреварот го дечека со многу крв во десната копачка, откако во второто полувреме по остриот дуел со соперничкиот бранител, заврши со расечена нога од коленото надолу.
Роналдо по повредата се виткаше од болка на тревата, но иако раната изгледа дека е тешка, од Реал порачаа дека по десетината конци, ќе биде подготвен за средбата во Лигата на шампиони во Среда.