Русија се подготвува за бурни времиња

Од:

Стратфор – Остин

Руската економија доживува стрмоглав пад, а финансискиот притисок врз Кремљ започна да се шири низ регионите, градовите и меѓу народот. Многу од руските региони се веќе на работ на банкрот. И додека притисокот продолжува да расте на регионално ниво, општинските власти и граѓаните се повеќе зависат од парите.

Надежта за економско задравување во блиска иднина е мала. Ете зошто Кремљ презема чекори за запре каква и да е закана од регионално незадоволство или од масовни протести против централното раководство. Во идните неколку години вниманието на Кремљ ќе се префрли кон внатрешните проблеми, па можноста да се наметнува надвор границите ќе се намалува.

Таканаречените руски моноградови – оние во кои има само една индустрија, почнуваат да ја чувствуваат тежината на финансиското бреме кое натежнува над регионалните влади.

Во Русија има 319 моноградови, во кои живеат вкупно 14 милиони Руси или околу 10 проценти од севкупното население во земјата. Тие се остаток од советскиот период, кога градовите се потпираа само на еден индустриски сектор или на едно претпријатие, во кое работеа повеќето од тамошните жители.

Повеќето руски моноградови се фокусирани на производството, на металургијата, дрвната индустрија или производството на горивата, што сочинува 30 проценти од економското производство во земјата. Вродениот проблем со структурата на моноградовите е што тие создаваат „негативна економија“.

Освен тоа, работната рака во моноградовите е обучена да работи во едно единствено претпријатие, заради што е тешко работниците да се премемстат на друго место во потрага по подобра работа.

За да заздрават, повеќето од тие градови имаат потреба од субвенции од федералната влада или од руските олигарси.

При неодамнешната посета во моноградот Усолие-Сибирское, рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека само 79 од 319-те моноградови во земјата се економски стабилнн и додаде дека федералната Влада нема да може да ги спаси останатите 240.

Според рускиот министер за економски развој Алексеј Улјукаев, 94 од градовите се потпиураат само на еден економски извор и се „во црвено“, односно близу до економски колапс или банкрот. Кремљ издвоил фонд од 525 милиони долари за руските моноградови, но Улјукаев посочи дека таа сума е доволна за спасување на едвај 20 града годишно.

Кога моноградовите почнаа за заостануваат за време на рецесијата во 2009 година, работниците немаа алтернативни варијанти за работа и нивните плати се намалија. Во градовите избувнаа протести кои го натераа тогашниот премиер Владимир Путин да патува од еден во друг град и да води пропагандна кампања.

Во градот Пикалјово, Путин му нареди на Олег Дерипасха, олигарх и сопственик на групата компании „Базов елемент“, да ги смири демонстрантите. Сега олигарсите немаат толку пари и се помалку способни да ги пополнуваат дупките во финансирањето на Кремљ. Регионалните влади и општинските власти, кои веќе се под голем финансики притисок, не успеаја да го спасат рускиот народ од последиците од економската криза.

Инфлацијата, која достигна највисоко ниво во последите 13 години, изнесува 16,9 проценти во првата половина од 2015 година, обезвреднувајќи ги платите за 14 проценти во споредба со претходната година. Тоа е најбрзиот пад од 1998 година, кога рубљата беше во криза. Според државната служба за статистика Росстат, бројот на Руси кои живеат под прагот на сиромаштијата исто така пораснал за 14 проценти во првата половина на 2015 година.

За време на финансиската криза во 2008 година, Кремљ ги зголмеи минималните плати и ја зголеми социјалната помош за да се избегне драстичен скок на сиромаштијата. Но, овој пат Москва не презема слични мерки и наместо тоа избра да ги зачува парите за потребите на федералната Влада.

Според Московскиот државен универзитет за економија, Русите во моментов ги менуваат заштедите во странски валути за да си ги задржат домаќинствата на површината. Но, според оценка на Универзитетот, повеќето од тие заштеди ќе пресушат кон крајот на годината, што може значително да го ограничи достапот на Русите до средства и во текот на 2016 година да однесе уште повеќе луѓе под прагот на сиромаштијата.

Кремљ е се повознемирен дека финансискиот притисок врз регионалните и општинските власти, како и врз рускиот народ, може да премине во регионално незадоволство или во масовни протести против федералната Влада. Кремљ е помалку загрижен заради својата популарност и се радува на високиот рејтинг на поддршка во последниве неколку години.

Но, неговата популарност повеќе се должи на рускиот национализам заради затегнатите односи со Западот. Со засилувањее на економскиот притисок, всушност на крајот популарноста на Кремљ ќе почне да еродира.

Со цел да се заштити од заканата од бунтови, Кремљ презема чекори за да ја гарантира контролата врз земјата во идните неколку години. Федералната Влада издвои 5,2 милијарди долари под форма на федерални субвенционирани кредити со 0,1 процента годишна камата за регионалните и општинските власти. Иако тие кредити малку ќе ја олеснат мачнината, тие се само мал дел од парите од кои регионалните влади имаат потреба за да си ја задржат ликвидноста. Потоа, регионите ќе продолжат да се вртат кон поризичните трговски кредити од кои имаат потреба за да ги покријат своите обврски.

Руски коментатори сметаат дека Кремљ во краен случај ќе постигне договор со државните банки „Сберсбанк“ и ВТБ, кои се главните кредитори на регионите. Но, откако на 31 јули се сретна со Путин, шефот на „Сберсбанк“, Герман Граф, изјави дека финансиската ситуација на банката до крајот на годината е „комлицирана“ и не даде сигнали дека таа ќе им помага на регионите.

Притиснат да најде пари за регионите и градовите, Кремљ силно се зазема за подготовка при евентуални реакции во политиката и безбедноста. Минатиот месец, руската Дума донесе серија закони кои ги прошируваат овластувањата на регионалните влади за контрола на протестите. Тие вклучуваат директни контакти меѓу силите за безбедност и лидерите на протестните движења. Думата исто така ги зголеми овласувањата за полицијата, давајќи им на полицајците поголеми права да користат оружје против цивили.

Регионалните сили за безбедност веќе применуваат строга контрола врз опозициските лидери и организации во предвечерјето на регионалните и општинските избори во септември. Во последните неколку седмици во притвор беа задржани опозициските лидери во Новосибирск, Кострома, Калуга и Магадан, иако изборите се дури следниот месец. Некои региони исто така им забранија на опозициските партии да учествуваат во гласањето. Во месеците пред изборите, Путин одржува контакт со лидерите на Праведна Русија и Либералдемократската партија – двете најголеми опозициски партии.

Кремљ исто така презема мерки против потенцијалното политичко дисидентство, со поглед во подалечна иднина. Во јуни, федералната Влада ги премести парламентарните избори од декември во септемрви 2016 година. Бидејќи ги премести изборите поблиску до летните одмори, Кремљ се надева дека ќе спречи протести и политички кампањи организирани од опозицијата. Оваа одлука поттикна големи шпекулации во руските и западните медиуми, дека Кремљ очекува економската криза да се влоши следната година.

Можно е Русија да постигне извесен економски раст во 2016 година, но Кремљ нема да може да ги стабилизира регионите или да се зачува од јавното незадоволство, освен ако цените на нафтата скокнат или федералната Влада директно не се вмеша. Директното вложување ќе бара од Кремљ да искористи голем дел од 541-те милијарди долари резерви кои се распределени меѓу руските валутни резерви, Фондот за национална благосостојба на Русија и Резервниот фонд.

Кремљ избегнува да чепка во тие резерви во очекување на потешки економски времиња. Но, тие времиња се оцртуваат во не толку далечнаа иднина и Кремљ може да биде принуден да ги исцеди парите од своите фондови за да ги зачува регионите, градовите и луѓето од понатамошни тешкотии.

Во меѓувреме, Кремљ продолжува да се потпира на својата популарност и го стега обрачот околу политичките дисиденти за да ја зачува стабилноста на краткорочен план.

Во идните неколку години, Кремљ ќе треба да вложи повеќе напори за да ја зачува земјата стабилна. Во краен случај, тоа може да значи дека Кремљ ќе треба да ги ограничи своите активности надвор од границите, затоа што внатрешните прашања ќе му одземаат поголем дел од вниманието.

Истовремено, САД или други западни држави можат да се обидат да го искористат незадоволството во Русија, како што се случи за време на протестите во 2011 и 2012 година. Кремљ јасно ја прифаќа таквата можност и веројатно ќе продолжи да применува ограничувања на американските контакти во Русија.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство