Виница: Се самозапалил поради семејни несогласувања

Од:

37-годишниот Тони А. од виничкото село Трсино се самозапалил поради семејни несогласувања, информираат од полицијата. Тој се полил со бензин пред очите на неговото малолетно дете, а откако се запалил почна да вика по помош. Му притрчал неговиот 58 годишен татко кој во обидот да го изгаси огнот се здобил со изгореници по рацете.

Двајцата биле веднаш пренесени во болницата во Виница, каде што 58 годишниот жител на Трсино бил задржан на лекување со констатирани изгореници на дланките.  Неговиот син веднаш бил упатен во медицинскиот центар во Кочани, а од таму препратен во градската болница во Скопје, каде што му се констатирани изгореници од 2 и од 3 степен по целото тело и неговиот живот е во опасност.

Инцидентот се случил вчера околу 17:00 часот кога во дворот на семејната куќа овој жител на Трсино се полил со бензин и се самозапалил.

 

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип