Претставување на македонските реномирани уметници во галеријата „Прима центар“ во Берлин

Од:

Македонските реномирани уметници Дороти Пачкова, Илија Прокопиев, Горан Менков и Елена Алчева, со поддршка од Министерството за култура, во втората половина од годинава ќе го претстават своето уметничко творештво во галеријата „Прима центар“ во Берлин.

Во изминатите месеци, соопшти Министерството за култура, преку програмата за меѓународна промоција на ликовното творештво, и авторите Иванчо Талевски и Марија Конеска имаа можност својот уметничи опус да го изложат пред берлинската уметничка јавност.

Во рамки на своето единаесетгодишно постоење, галеријата „Прима центар“ во Берлин има реализирано 170 изложби на повеќе од 450 автори. Оваа импозантна бројка само го потврдува фактот дека „Прима центар“ во Берлин е веќе афирмирана галерија која високо котира на берлинската уметничка сцена, а ваквиот успех беше доволен индикатор за соработка меѓу галеријата и Министерството за култура на Република Македонија, која трае веќе девет години.

Галеријата „Прима центар“ во Берлин е алтернативен простор во кој уметниците имаат можност да ги претстават своите дела пред берлинската јавност. Таа ги поддржува уметниците во секој поглед, од реализација на уметничкиот концепт, па сè до промоција пред професионалната публика и пошироката јавност. Таа е отворена во 2004 година и е вклучена во Здружението на интернационални уметнички галерии на Берлин (Вединг) – Колони Вединг, стои во соопштението од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска