Истражувањето спроведено во САД покажува дека надоместувањето на недостигот од тестостерон кај мажите е поврзано со подолго очекување на животниот век.
Тестостеронската терапија кај мажите кои имале недостиг на овој хормон била најнапред поврзана со помал ризик за срцев и мозочен удар, пишува „European Heart Journal“.
Податоците на истражувачите од ВА Медикал центар во Канзас сити се собрани на примерок од 83.000 испитаници.
Учесниците во истражувањето се следени 15 години, а позитивен ефект бил присутен само ако дошло до нормализација на нивото на тестостерон кај испитаниците.
Нивото на тестостерон е највисоко во младоста, а неговиот пад резултира со потешкотии со сонот, зголемување на учеството на масно ткиво, губење на мускулното ткиво, губење на косата и намалување на сексуалната желба.