Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, во неговиот кабинет оствари средба со Џејмс Де Вит, раководител на отсекот за политички прашања и известување на ОБСЕ (Мисија за соработка и безбедност во Европа).
Соговорниците разменија мислења за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, за состојбата во опозицискиот блок и за наредните чекори на опозицијата.
Тема на разговорот беше и имплементација на договорот на политичките лидери во Пржино и особено за улогата и значењето на функцијата на специјалниот јавен обвинител. Значајно за Р. Македонија е да се создадат услови да се спроведат фер и демократски избори.
Градоначалникот Жерновски го информираше Џејмс Де Вит за работењето, состојбата, притисоците и заканите од централната власт врз општина Центар.