Израел и САД денеска ги започнуваат најголемите воени вежби во историјата на меѓусебната воена соработка маневри на силите за противракетна и противвоздушна одбрана.
Израелската армија соопшти дека воените вежби се планирани уште пред две години и не се поврзани со моменталните настани во регионот.
Според локалните медиуми во маневрите ќе учествуваат околу 1.000 израелски и 3.500 американски војници од Европската команда. Дел од единиците на САД ќе дејствуваат на израелска територија, а останатите од воените бази во Европа и регионот на Средоземното Море.
За време на вежбите ќе бидат тестирани израелските противракетни системи од серијата „Хец“, како и американските копнени модернизирани системи „Патриот“ и морските „Иџис“. Овие системи се наменети за фаќање на балистички цели на подалечни растојанија.
Овие воени вежби ќе ги чинат САД 30 милиони долари, а Израел 7,85 милиони долари.