Блер: Лабуристичката партија се соочува со заканата да пропадне

Од:

Поранешниот британски премиер и екс-лидер на лабуристите, Тони Блер предупреди дека партијата се соочува со заканата да биде „анулирана“ на домашната политичка сцена, доколку на претстојните избори за нов партиски лидер, победи кандидатот на партиската екстремна левица Џереми Корбин.

Во авторски текст во пролабуристичкиот „Гардијан“, Блер вели дека партијата се движи по „работ на карпата“ и ризикува да се урне во амбисот.

– Сега не е важно дали сме левичари, десничари или центристи, ниту дали некој мене ме почитува или ме мрази. Потребно е сите да разбереме дека партијата се соочува со огромна опасност, пишува Блер во овој за него невообичаен алармантен повик до партиското членство и до симпатизерите.

Предупредувачката порака на Блер доаѓа на само 24 часа пред да почне гласањето, закажано за утре, и по последното мерење на расположението на партиското гласачко тело, според кое, левичарот Корбин ја има подршката на 53 отсто од гласачите, додека неговот најсилен противкандидат, поранешниот министер Енди Барнам, само 21 отсто. Другите двајца кандидати, Ивет Купер и Лиз Кендал заостануваат уште повеќе.

Левичарската еуфорија во партиските редови, која е потикната од позициите и однесувањето на лидерот на грчката Сириза, Алексис Ципрас и неговиот уверлив избор за премиер, како и од политиката на британската Влада, која и во новиот мандат продолжува со својата тврда антисоцијална политика и кратење на буџетската потрошувачка, продолжува да се одржува и речиси е сигурно дека ќе му обезбеди уверлив триумф на Корбин.

Лабуристички пратеници, како и угедни поранешни функционери на лабуристите, настојуваат да се одложи гласањето, тврдејжи дека меѓу новозапишаните „симпатизери“ на партијата, кои според статутот имаат право да гласаат, има многу кои не се лабуристи и кои се дојдени од други партии и групи.

Дури 610 илјади лица се пријавиле за гласање за нов лидер, иако на парламентарните избори во мај годинава, партијата имаше 200 илјади членови. Сите „нови симпатизери“ се приклучуваат во гласачкото тело на партијата само за да му се обезбеди победа на Корбин.

Блер, кој 13 години беше лидер на лабуристите, а десет години британски премиер и кој е првиот лабурист во историјата кој успеал трипати, едно по друго, да и донесе изборна победа на оваа партија, минатата недела предупреди на опаснста од расцеп на лабуристите, сличен на оној на почетокот на осумдесетите години на 20 век, кога на чело на лабуристите беше остарениот левичар Мајкл Фут.

Блер вели дека нема ништо против чесноста и определбите на пратеникот-ветеран Корбин, но инсистира дека тој со својата левичарска идеологија нема да и обезбеди победа на партијата на следните избори.

„Со Џереми (Корбин) како партиски лидер, лабуристите нема да бидат само (тешко) поразени, како во 1983 година (Фут против Тачер) или како во мај оваа година (Ед Милибанд против Камерон), туку може да дојде и до анулирање и разорување на нашата партија, вели Тони Блер во својот авторски текст.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца